Почна поставувањето асфалт на експресниот пат Штип-Радовиш од винаријата „Имако“ во правец кон селото Долани. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов при денешниот увид во градежните работи истакнаа дека ова е пример како треба да се гради. Задоволни се од динамиката на изградба на компанијата „Штрабаг“ и сметаат дека изградбата на оваа делница ќе биде и пред утврдениот рок.

Со изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш ќе го подигнеме животниот стандард на преку 170 илјади жители на овој регион, а ќе овоможиме и бенефит за околу 12.000 фирми коишто дејствуваат во овие региони, вели Сугарески. Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш е во вкупна вредност од 51 милион евра. Во моментов се работи на првата фаза во должина 23 километри и според динамиката на градежните работи се очекува изградбата да биде завршена пред предвидениот рок, во 2021 година.

Сугарески истакна дека со експресниот пат се создава брза патна врска меѓу Југоистокот и централниот дел на државата со што се отвора можност за влез на нови инвеститори, но и подобра комуникација меѓу граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.