Заменик-министерката Гордана Димитриеска-Кочоска одговори на скандалозниот допис до вработените во Министерството за финансии од министерката Нина Ангеловска, со кој им забранува да комуницираат со дополнителната заменик-министерка.

Забраната за комуникација само го потврдува стравот од разобличување на вистината. Дополнително, се покажува вистинското лице и однос кон вработените кој имено Владата веќе три години го практикува. Едно е јасно, Вие вака се однесувате кон вработените во Министерството, а СДСМ кон сите граѓани на Република Македонија – напиша на Фејсбук, доплонителната заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Дописот е испратен рано утрото по стапување на должност на Димитриеска-Кочоска, изгласана во Собранието како член на техничката влада, што е во согласност со Пржинскиот договор.

Ангеловска отишла дотаму што назначила и лице преку кое ќе се одвива комуникацијата со Димитриеска-Кочоска и нејзиниот кабинет.

Понатаму таа ги охрабрува вработените да бидат слободни во комуникацијата со неа.

Почитувани вработени, Ве охрабрувам да бидете слободни во комуникацијата со мене, во мене имате чесен соработник. Ние заедно ќе го унапредиме работниот процес и ќе создадеме средина во која одлично ќе комуницираме. Бидете сигурни дека времето на притисоци и забрани завршува!

А верувам дека бргу ќе се дознае и што е тоа што Власта не сака да се знае и какви параметри се сакаат да се сокријат –  напиша на Фејсбук, Димитриеска Кочоска.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.