Свадба без музика и оро не е свадба, велат музичарите. По најавите дека од следниот месец можно е да почнат со работа рестораните за прослави,  од музичката фела итно  бараат да има и протокол за музика како и точен датум кога ќе почнат со нивните ангажмани. Велат дека повеќе од година дена  се оставени на цедило и во неизвесност, не знаат што да планираат и што да им одговорат на младите кои ги бараат за нивните прослави.

Од музичките здруженија велат дека ако не се дозволи музика на семјните прослави чашата ќе се прелее и ќе мора да излезат на улица да ги бараат своите права.  Тие уште минатото лето доставиле нивен предлог за протоколи и не им е јасно зошто Владата го избира најлесниот пат и им забранува  да работат. Наместо да се донесат протоколи што е можно поскоро како во соседните земји.

Според неофицијални информации на последните два состаноци на Комисијата воопшто не е дискутирано за тоа дали ќе им се дозволи на музичарите да почнат со работа. Се чека зелено светло од Владата, за да може Комисијата да ги изготви протоколите под кои ќе работат не само музичарите туку и рестораните за свадби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.