Бубачки во теглата со кисели краставички „Сани“ од КАМ. Како што се гледа на фотографиите што пристигнаа во Република, околу грлото на теглата и капачето има ларви од бубалки, а има и внатре во самите краставички. Краставичките не се со поминат рок, напротив, а купени се денеска во КАМ маркетот во Ново Лисиче, кај Поштата.

Не ги забележав кога ја отворив теглата. Им принесов на децата да вечераат, а бубалките ги забележав отпосле. Овие краставички со црните капачиња се премиум, вели читателка, која ни ги достави фотографиите.

Република побара коментар и од КАМ Маркети, имајќи предвид дека за кратко време ова е втор случај храната од Сани да е контаминирана. Пред само неколку дена корисник на социјалните мрежи објави фотографии од замрзнат глушец во златната мешавина „Сани“.

По забраната за промет на замрзнатиот зеленчуков микс „Сани фантази – Царски микс” од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) КАМ маркети преку соопштение ги повика инспекциите да ја проверат информацијата за глушецот во смрзнатиот зеленчук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.