Договор за изградба на првите два километра од автопатската делница Скопје – Блаце денеска во Владата потпишаа директорот на ЈП за државни патишта (ЈПДП) Зоран Китанов и генералниот директор на изведувачот на работите А.Д. „Гранит“, Зоран Милковски. Согласно договорот делот од автопатот од граничниот премин Блаце до клучката Блаце во вредност од 12,2 милиона евра што се обезбедени од буџетот на ЈПДП, треба да се реализира во наредните 18 месеци, а надзор на работата ќе врши Градежниот институт на Македонија (ГИМ).

Автопатот ќе биде со две коловозни ленти, секоја со по две сообраќајни ленти за возење со широчина од по 3,5 метри и по една лента за застанување широка 2,5 метри. Вкупната проектирана ширина на автопатот ќе изнесува околу 27,5 метри. На делницата се предвидени две клучки кај Блаце и Стенковец.

Паралелно со изградбата на првиот дел од делницата, ќе тече и препроектирањето на вториот дел од автопатот од клучката Блаце до клучката Стенковец во вкупна должина од 10,5 километри. За негова реализација Владата веќе обезбеди грант од 27 милиони евра од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, а се очекува и формализирање на заемот од Европската банка за обнова и развој од околу 70 милиони евра со што целосно ќе се затвори финансиската конструкција за изградба на втората фаза.

Идејното решение за препроектирање на вториот дел од автопатот е во тек, а се очекува за 12 месеци да биде одобрен и проектот што го изработува конзорциум предводен од американската компанија „Хил интернешнл“, која го изработи и проектот за првиот дел од автопатот.

ој оцени дека е добра стратешка одлука што автопатот ќе се гради во две фази од кои првата ќе се реализира со средства од буџетот на ЈПДП, а втората со грант и кредит. Пред крајот на реализацијата на првиот дел, додаде, веќе ќе бидеме подготвени за почеток на градба на вториот дел. Тој нагласи дека во петок ќе оди во Блаце да се сретне со сопствениците на 68-те парцели што треба да се експроприраат за изградба на првиот дел од автопатот.

– Бирото за судски вештачења веќе направи проценка на вредноста на парцелите и очекувам до подобрувањето на временската ситуација да се најде решение и да заврши процесот на експропријација. Во секој случај станува збор за проект од државен интерес поради што не може да се стопира градбата, единствено сопствениците на парцелите може да ја обжалат понудената цена во суд, но тоа не не спречува да продолжиме со градбата, рече Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.