Со последното најавено покачување, минималната пензија ќе се зголеми за 36 денари, а просечната за 63 денари, објави Сител, но тоа предизвикува револт кај околу 170.000 лица кои имаат пензија до 14.500 денари и се сметаат за ранлива категорија.

Решение за проблемот со ниските пензии е враќање на старата формула за пресметка, зашто со новиот закон, растот на платите не влегува во пресметката, туку само инфлацијата.

Поради ова, иако платите годинава се зголемиле за 4 насто, пензионерите со новото порамнување ќе добијат симболични 0,4% повеќе пари на своите сметки.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека се преземаат активности за подобрување на статусот на пензинерите, а доказ за тоа бил фактот што во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, а во јули 2019 година изнесува 14.530 денари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.