Сите надлежни институции да вложат максимални напори за обесштетување на депонентите, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска која го информираше за затворањето на „Еуростандард банка“ АД.

Гувернерката го информираше Пендаровски и за активностите кои координирано и интензивно се преземаат за обесштетувањето на депонентите да почне во законските рокови, но и порано од тоа.

Пендаровски и Ангеловска-Бежоска истакнаа дека е важно да се вложи максимум за поскоро отпочнување на исплатата на обесштетувањето на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити, и пред законски предвидениот рок од 20 дена, стои во соопштението од Кабинетот на Претседателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.