Претседателот на Стево Пендаровски денеска ја прими гувернернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска. На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, се разменети мислења и информации за актуелните текови во монетарната политика, во банкарскиот сектор, како и за актуелните случувања во економијата.

Претседателот Пендаровски оцени дека Народна банка во досегашната работа покажа капацитет во постигнувањето на финансиската стабилност и одржувањето на сигурен банкарски систем, што во континуитет е позитивно оценувано и од страна на Европската комисија.

Тој изрази уверување дека ќе продолжи континуитетот на успешно водење на монетарната политика, преку одржувањето на ценовната стабилност и дека Народна банка ќе продолжи да придонесува кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.