Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, преку “ZOOM” платформата оствари средба со претставникот на Fondacione Santagata -Торино, Алесио Ре и Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро.

“Заедно започнуваме постапка за брендирање на услуги и издавање сертификати од Биосферен резерват на УНЕСКО Охрид – Преспа. Дополнително разговаравме за можности за заедничко изготвување и аплицирање за проекти во Биосферен резерват Охрид – Преспа”, напиша Пецаков на Фејсбук.

Како пример за успешно спроведен процес беше презентиран Биосферниот резерват Монвизо – Италијa.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.