Магистралниот пат од Качаник до Генерал Јанковиќ, односно до граничниот премин Блаце меѓу Косово и Македонија денеска и утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности на автопатот „Арбен Џафери“ што ги поврзува Приштина и Скопје.

Министерството за инфраструктура на Косово информира дека патот што ги поврзува Приштина и Скопје денеска ќе биде затворен од 9 до 12 и од 14 до 17 часот, а утре од 9 до 17 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.