Почна повратокот на ДДВ. Граѓаните од вчера почнаа со собирање на фискалните сметки од производите кои ги купиле и услугите кои ги добиле, а за кои платиле најмногу 30.000 денари. Секоја сметка треба да се скенира на посебна апликација „МојДДВ“ која ќе треба да се инсталира на паметен мобилен телефон за да од сите после корисникот добие поврат на 15 отсто од платениот ДДВ. Ако евентуално некој нема таков телефон или не знае да инсталира и да користи вакви апликации, фискалните ќе може да ги носи во сите организациски единици на Управата за јавни приходи. Таму ќе има мобилни телефони на кои секој само ќе треба да се регистрира со своето корисничко име и со лозинка и да му се скенира сметката. На еден телефон ќе може да се читаат сметки и од повеќе профили.

За парите кои ќе се добијат како поврат на ДДВ граѓаните нема да плаќаат персонален данок, но тие пари, ќе може да се наплатуваат од извршители за стари долгови.

Целиот текс на Фактор.мк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.