Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88% во однос на одлуката од 18.07.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,927%, кај дизелот за 0,897%, кај екстра лесното масло за 1,042% и кај мазутот зголемување за 1,983%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалуваат за 2,50 ден/лит, додека на
ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 21.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 98,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 101,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстралесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,044 (денари/килограм)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.