Овчеполските ниви ќе немаат вода, зашто нема кој да им го продолжи договорот за работа на сезонските работници кои го одржуваат системот за наводнување од Злетовица до Каратманово, објави штипската телевизија ТВ Стар.

Во прилогот земјоделци од Овче Поле се жалат дека бел ден не виделе откако функционира системот, зашто постојано имаат проблем со недостиг на вода.

Земјоделците тврдат дека проблемите настанале откако водните заедници се централизирале, па за водата и нивите во Овче Поле сметка се води од Скопје, а на назначените скопјани не им се работи.

 

Доколку договорите на вработените не се продолжат, земјодлеците ќе бараат итни средби со надлежните, а не е исклучена ниту можноста од протести и блокади.

Се додека не го направија овој систем се одржуваше редот и немаше никаков проблем. Прво сакаме да се договориме и да испратиме барање, а потоа штрајкот останува како последна опција. Овој систем не функционира – изјавија земјоделците.


Целиот прилог на ТВ СТАР

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.