Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од утринава малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголеми за 2,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се променети.

Од 6.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95   86,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98   89,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   94,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   92,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС   50,228 (денари/килограм)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.