Надлежните ја објавија листата на хотели кои ќе примаат гости со ваучери за одмор , мерка која важи за работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.

За оваа мерка државата издвои 15 милиони денари, во листата се наоѓаат вкупно 76 хотели од сите делови на земјата, но најмногу се наоѓаат во Охрид.

Ваучерите за одмор од 12 000 денари може да се искористат  во категоризираните угостителските објекти, а целата листа може даја погледнете на следниов ЛИНК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.