Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола, информира дека ги активира своите дисперзирани канцеларии во општините Новаци и Могила, а со цел поефикасно пружање услуги од интерес на земјоделците.

Од ПЕ на МЗШВ во Битола соопштија дека денеска почна процедурата за поднесување барања за директни плаќања за растително производство, за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади.

До крајот на месецов барање за добивање финансиска поддршка може да достават и сите лица кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи, а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица. Системот е отворен и барањата се поднесуваат електронски и затоа препорачливо е земјоделците пријавувањето да го направат од дома или да користат поддршка во канцелариите на МЗШВ во Битола, Новаци и Могила

Крајниот рок за пријавување на субвенциите е 31 јули, нагласуваат од ПЕ на МЗШВ во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.