Во почетокот на кризата Владата немаше јасна структура на даноците што ги прибира по дејности, тврди Гордана Димитриеска-Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Во почетокот на пандемијата на ковид 19 Димитриеска-Кочоска ја извршуваше функцијата дополнителен заменик-министер за финансии.

Димитриеска-Кочоска објаснува дека во март, кога започна кризата, државата не знаела како ќе се одрази врз приходите затворањето на бизнисите.

Ги гледате парите како купче. Во даден момент не можете да знаете што ќе се случи. Во март има почеток на корона кризата и се носaт мерки рестораните да се затворат, игротеките… Како ќе се одрази тоа на приходите што ги собира државата – колку тоа ќе значи помалку ДДВ, рестораните не работат, нема промет. Во април тогашната министерка за финансии побара ваков податок од УЈП и настана збрка, рече Димитриеска-Кочоска на гостување во ТВ Алфа.

Таа рече дека во тој момент, под сиот притисок клучна улога одиграло незнаењето и немањето податоци.

Анализите кога и како ќе се обезбедат пари се правеа во април. Тогаш се бараа податоци за нешто што требало со години наназад да се има. Најодговорно тврдам дека такви податоци немаше. Тука е купи ден – помини. Владата нема јасна структура на сите оние даноци што ги прибираат по дејности тогаш, изјави Гордана Димитриеска-Кочоска во “Заспиј ако можеш” на Алфа телeвизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.