Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно побара одговор од премиерот Зоран Заев кој ќе им надомести на оние кои во последните десет месеци плаќале прогресивен данок откако власта призна дека мерката не успеала.

Заев не е човек од збор, и за него зборот нема вредност. Последниот пример за тоа е повлекувањето на прогресивниот данок, што покажува дека незнаат што прават.

Немаат јасен економски концепт, ниту стратегија која треба да донесе развој, а секоја нивна политика е на ниво на неуспешен експеримент на грбот на напатениот народ. Ова значи дека се што ветувале може да вратат по старо, дека за се може да се извинат, и да речат ние тоа не го мислевме, притоа да не навлегувам во нивните празни флоскули, демек ќе врателе пари кај народот и ќе земеле од богатите, за да имаат сиромашните, во исто време ќе облечел и железни опинци ама ќе одел бос.

Но прашањето е сега кој ќе надохнади за изгубените пари кај луѓето од оваа мерка која според признание на самата власт неуспеала. А ќе потсетам Македонија беше земја со најниски даноци во Европа и пошироко. Ова значи дека утре тие без пардон ќе може да го повлечат секое свое ветување со кое создале надеж кај луѓето. Ќе речат пу, пу неважи и 500 евра плата, 100 илјади денари плата за докторите, чист воздух, живот, датумот за преговори, европската иднина…

Немаат ниту концепт, ниту програма, површно и исклучиво популистички, но и во тоа немаат план. Овие луѓе вака носат одлуки, а таа “мало сутра” политика има влијание врз сите нас. Овие луѓе не само што се штетни туку и опас и за нашата иднина.

12 април е одговорот, а обновата е решението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.