Здружението „Правда на штедачи” утре 25.05.2021 со почеток во 08.00 часот повторно ќе одржи собир пред Уставниот Суд, на кој ќе се одржи и прес конференција со почеток во 09.00 часот.

Главна причина за собирот е давање на финална поддршка на судиите за донесување на конечна одлука по иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки.

Повеќе детали ќе изнесеме на самата прес-конференција на која се поканети сите медиуми да присуствуваат. БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА, велат штедачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.