Оштетените од пропадната Еуростандард банка најавија дека ќе одржат втор протестен собир пред зградата, на Народната банка.

Како што наведуваат, локацијата е одбрана затоа што Народната Банка е еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаат.

Протестот ќе се одржи на 30 октомври, едне ден пред светскиот ден на штедењето, со почеток во 15 часот.

Ги повикуваме на поддршка сите граѓани кои досега биле оштетени на кој било начин од овој наш банкарски систем да ни се придружат во борбата за правата на штедачите во целост, како и сите граѓани кои сакаат да живеат во праведно општество кое е регулирано од институции кои работат во интерес на граѓаните, а не на криминалците. На 30 октомври ќе протестираме, а на 31 октомври ќе мечтаеме дека еден ден доколку проработи правниот систем и совеста на политичарите, и ние ќе славиме повторно – се вели во повикот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.