На денешната седница Владата за директор на АД Македонски железници – Транспорт го назначи портпаролот, воедно и член на Централно претседателство на Алтернатива, Орхан Муртезани.

Орхан Муртезани, познат во јавноста како долгогодишен портпарол, е еден од основачите на Алтернатива. Роден е во Сарај, Скопје. По професија е економист, дипломирал на Економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, додека постдипломските студии ги продолжил во Универзитетот ‘„Мармара’’ во Истанбул во отсекот Менаџмент и организација. Течно зборува англиски и турски јазик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.