Општините во Македонија за две години потрошиле два милиони евра за купување моторни возила и камиони

Економија 08.10.2020 / 14:09

Во периодот од 2017 до 2019 година, општините Македонија потрошиле вкупно околу 2 милиони евра или 140 милиони денари за набавка на моторни возила и камиони, објави Ценарот за економски анализи.

Според податоците што се достапни на интернет страницата на овој економски истражувачки институт, дури 85 отсто од потрошените средства биле за набавка на моторни возила, а само 15 отсто за набавка на камиони.

Педесет и три од 81 единица на локална самоуправа потрошиле средства за оваа намена, што укажува дека во просек една општина во периодот од 3 години потрошила 2,5 милиони денари за набавка на моторни возила и камиони од кои само 396.797 денари за набавка на камиони – се вели во анализата.

Општините од Скопскиот и Пелагонискиот регион потрошиле најмногу средства за набавка на моторни возила во периодот од 2017 до 2019 година и тоа: Скопскиот регион – 47,5 милиони денари додека Пелагонискиот регион – 23 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.