Дел од средствата кои државата ги добива од казино бизнисите на име на данок да добиваат и општините, предлага градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков, објави медиапрес.мк.

Според него во моментов 20% од приходот на казината  по основ на данок се влеваат во државниот буџет, а општините на чија територија  тие егзистираат  не добиваат ништо. Ваквото барање му го соопшти и на министерот за локална самоуправа Горан Милевски кој  имаше средба со градоначалниците од Југоистокот на државата.

Министерот за локална  самоуправа најави дека овој како и сите други предлози кои доаѓаат од локалните самоуправи се разгледуваат, а зголемувањето на средствата кои општините ги добиваат ќе одело паралелно со зголемувањето на ингеренциите на општините.

Поддршка на измените на законот за локална самоуправа ќе очекуваат и од опозицијата со цел да се добие заедничко решение кое ќе биде во интерес на сите граѓани.  Милевски потенцираше дека интенциите на владата се општините да добијат поголеми ингеренции. Кој ќе биде опфатот ќе се знае за околу месец и половина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.