Општина Охрид го следи трендот на партиски вработувања, кој владата на СДСМ го наметна во последниов период.

На само неколку месеци пред предвремените парламентарните избори, локалната самоуправа предводена од градоначалникот Константин Георгиески објави огласи за 10 вработување.

Имено, објавени се повеќе огласи за вработување на државни службеници во повеќе сектори. Се бара: Советник за правни работи и застапување, Одделение за правни работи, Сектор за правни работи; Виш референт за архивско и канцелариско работење, Одделение за правни работи, Сектор за правни работи; Раководител на одделение за информатичко комуникациска технологија, Сектор за општи работи; Помлад соработник за евиденција на буџет, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања; Помлад соработник за геодетско обележување, Одделение за спроведување на урбанистички планови, Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште; Раководител на одделение за туризам, Сектор за туризам и локален економски развој; Раководител на одделение за локален економски развој, Сектор за туризам и локален економски развој; Помлад соработник за детска заштита, Одделение за детска, здравствена и социјална заштита, Сектор за образование, детска, здравствена и социјална заштита; Помошник раководител на сектор за спорт, млади и невладини организации; Помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалникот.

Осум од десетте работни места се резервирани за Македонец/ка. Позицијата раководител на одделение за туризам, Сектор за туризам и локален економски развој е резервирана за Албанец/ка, додека позицијата раководител на одделение за информатичко комуникациска технологија, Сектор за општи работи е наменето за други националности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.