Pроектот за интегрирано гранично управување на Македонија и Србија, „One stop shop” не ги дава предвидените резултати и не ја олсени трговијата со Србија. Амбасадорката на Србија, Душанка Дивјак Томиќ признава дека новиот концепт на работа на граничниот премин „Табановце“ не ги дал очекуваните резултати.

Најголемиот предизвик за нас ќе биде кога ќе почне сезоната, кога ќе има голем прилив на туристи. Што се однесува до протекот на стока, еве се прави сè за тоа да се забрза, рече амбасадорката.

Вели дека двете Влади вложуваат напори прокетот да профункционира, но дека ќе биде потребно повеќе време. Во меѓувреме, бизнисмените се жалат на и долгите бирократски процедури кои двете земји ги чинат дури две милијарди евра.

Премиерите на двете држави, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, на свеченоста за почетокот на проектот во август порачаа дека двете држави со новината го забрзуваат протокот на патници и стока, времето на чекање се намалува двојно, а се отвора и можност за подобра соработка на бизнис заедницата и интеграција на регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.