На денешната прес конференција директоот на агенцијата за вработување, Абдуш Демири посочи дека на веб страната на агенцијата дневно во просек има меѓу 6.000до 7.000 активни слободни места.

Одговорајќи на новинарско прашање Демири рече дека во зависност од степенот на потребното образование, работодавачите најмногу огласиле слободни работни места за занимањата: работник за едноставни работи на производствена линија, општ работник, хигиеничар на производствени работни простории, продавач, програмер, келнер, шанкер, шивач, возач на камион, обезбедувач за заштита на лица и имот, хигиеничар на станбен и деловен простор, ѕидарски работник, армирачки работник, тесарски работник и други занимања.

Директорот Демири појасни дека Агенцијата за вработување е институција која работи според законски прописи, води евиденција на невработените лица и имлементација на Оперативниот план за програми и мерки и во таа насока, како што рече, Агенцијата е само како посредник на објавување на огласите на работодавачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.