Од вечерва на полноќ се менува цената на дизелот, додека бензините остануваат непроменети.

Така дизелот ќе се продава за 2,5 денари поевтино, и ќе изнесува 104 денари по литар.

Цената на бензините нема да се менува, односно 109 денари за ЕУРОСУПЕР 95 и 111,5 денари за ЕУРОСУПЕР 98.

Поевтинува и цената на екстра лесното масло за два денари и ќе изнесува 103 денари. Цената на мазутот останува иста 53,3 денари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.