Од утре (28 март) почнува етапното исплаќање на пензиите за месец март 2023 година.

Фондот за пензиското и инвалидското осигурување е задолжен да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година.

Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.03.2023 година.

Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

* За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.03.2023 година (вторник);

* За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2023 година (среда);

* За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2023 година (четврток)

* За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2023 година (петок)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.