Регулаторната Комисија за Енергетика вчера ги објави цените на горивата – и од полноќ цените на бензините се зголемија за 1.50 денари, дизелот поевтини за 0.50 денари.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголеми во просек за 0.09 проценти. Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемијс за по 1.50 денари – па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 чини 66.00 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 чини 67.50 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.