За денар ипол од полноќ поевтинуваат Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС-98, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар.

Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 59 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 61 ден/лит.

Новата цена на дизелот ќе биде 50 ден/лит, а по иста цена ќе се продава и Екстра лесното масло за домаќинство.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,302 ден/кг и тој сега ќе се продава за
25,968 ден/кг.

Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во
просек за 0,34 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.