Граѓаните сè уште се во неизвесност за тоа колку ќе им бидат повисоки сметките за струја по Нова година. И покрај тоа што беше најавено на последната седница на Владата не било разговарано за цена на струјата која АД ЕСМ ќе му ја понуди на универзалниот снабдувач, а ниту за тоа дали по 1 јануари ќе остане евтината тарифа, објави весникот „Вечер“.

Засега остануваат само неофицијалните информации дека производната цена на струјата на АД ЕСМ, која е еден од главните критериуми за цената на домаќинствата од сегашните 36 евра, најверојатно ќе порасне на 45 евра за мегават-час, што е зголемување од околу 25 отсто. Така, на пример, ако сега сметката за струја им изнесува 4.000 денари, за јануари ќе им биде 5.000 денари, односно 1.000 денари повеќе. Сепак, извесно е дека поскапувањето на струјата и повисоките сметки уште повеќе ќе ги испразнат џебовите на граѓаните.

Освен цената проблем е и недостигот на струја, поради што Владата побара продолжување на енергетската криза во наредните шест месеци, односно до 9 јуни 2022 година. Освен за домаќинствата струја нема и за компаниите кои пред неколку дена предупредија дека ситуацијата е алармантна и оти мора во функција да се стават сите производствени капацитети и да се зголеми домашното производство.

По повеќегодишна пауза, со работа почна и РЕК „Осломеј“, а се очекува наскоро да почне со работа и ТЕЦ „Неготино“. Досега за РЕК „Осломеј“ се набавени 130.000 тони јаглен, а до крајот на следната година предвидено е да се транспортираат уште 170.000 тони. „Осломеј“ има капацитет од 110 мегавати и последните години не работеше поради недостиг на јаглен.

Целиот текст тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.