На Скопскиот аеродром од денеска почнува да функционира нова авиолинија на релација Скопје – Киев.

Новите летови, што се воспоствуваат првпат меѓу Украина и Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата „Виндроуз“ „WINDROSE“. Летовите 7W791 / 792 ќе се извршуваат секој четврток и недела.

Првпат во историјата на односите меѓу Украина и пријателска Република Македонија од 6 декември 2020 година се воведуваат летови на релација Кијив-Скопје-Кијив! – соопшти Амбасадата на Украина во Скопје.

Летовите од аеродромот Бориспиљ ќе се извршуваат со авиони Ембраер-145 и АТР72-600.

Како што истакнуваат од Амбасадата, освен овој лет, „Виндроуз“ нуди удобен транзит од регионите на Украина: Харков, Днипро, Одеса и Лавов.

Постоење на директните летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Македонија со Украина и на Украинците со Република Македонија. На овој значаен настан беше посветена средбата на амбасадорката на Украина –  стои во соопштението, објавено на Фејсбук страницата на Амбасадата на Украина.

На веб-страницата на „Виндроуз“ веќе може да се купат картите и за Киев и за Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.