Владата на Република Македонија, на денешната седница, со цел обезбедување топлинска енергија во Скопје, донесе одлука со којашто на ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје му се наметнува обврската за обезбедување на оваа јавна услуга. Обврската на ЕСМ ДООЕЛ Скопје се однесува на вршење енергетска дејност: регулирано производство на топлинска енергија за потребите на потрошувачите на дел од подрачјето на градот Скопје и тоа за подрачјата на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир, како и за обезбедување топлинска енергија за покривање на загубите во системот, системска резерва и системски услуги за одржување на потребните работни параметри во рамките на системот за топлинска енергија за овие делови од Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.