Министерството за економија го објави јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.

Како што веќе појасни министерот за економија Крешник Бектеши со јавниот повик ќе се надоместат до 50% од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари по возило.

Согласно Програма за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата се предвидени средства во вкупен износ од 15.000.000 денари.

Како што стои во јавниот повик предвидено е да бидат надоместувани само трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, настанати по денот на објавување на овој јавен повик.

Надоместок на дел од трошоците ќе се врши за само едно возило во семејство.

Право на учество на јавниот повик имаат физички лица, сопственици на возила произведени од 2005 година наваму, кои ќе извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.

За да се запазат одредбите од јавниот оглас неопходна е и документација за пријавување, односно треба да се пополни барање, кое може да се подигне од архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството. Неопходна е и изјава за веродостојноста на податоците и верноста на приложената документација, заверена на нотар под морална и материјална одговорност, која може да се подигне од архивата на Министерството за економија.

Треба да се достави и фискална сметка (во оригинал) со сметкопотврда, или фактура (во оригинал) со извод од деловна банка за извршено плаќање за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, издадени по денот на објавување на јавниот повик.Неопходна е и копија од сообраќајната дозвола за возилото, заверена на нотар, во која е евидентирана промената (вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото), или потврда за вграден уред за погон на течен нафтен гас или компримиран земјен гас во возилото, издадена од правно лице овластено (од Министерството за економија) копија од сообраќајната дозвола за возилото, заверена на нотар, во која е евидентирана промената (вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото), или потврда за вграден уред за погон на течен нафтен гас или компримиран земјен гас во возилото, издадена од правно лице овластено за вградување на уреди за погон на течен нафтен гас и/или компримиран земјен гас во возилото.за вградување на уреди за погон на течен нафтен гас и/или компримиран земјен гас во возилото. Во приложените документи неопходна е и фотокопија од лична карта и број на трансакциска сметка, како и уплатниците кои што се заедно се доставуваат во затворен плик до Архивата на Министерството за економија.

Секој барател има право да поднесе Барање за само едно возило во семејство.При поднесување на Барањето барателот од Архивата на Министерството за економија добива архивски број со датумот на поднесување на барањето.

Доколку барањето се доставува преку пошта како датум на поднесување на барањето ќе се смета датумот кога барањето е пристигнато и заведено во Архивата на Министерството за економија.

Разгледувањето и изборот на апликантите кои ги исполнуваатусловите утврдени со Јавниот повик, ќе се прави по принципот „ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН” односно по редослед на поднесување и пристигнување на Барањата во архивата на Министерството за економија.

Доколку средствата се исцрпат додека се уште трае јавниот повик, Министерството за еконимија ќе објави Известување за исцрпување на расположивите средства на својата веб страна..

Барањата, ќе ги разгледува Комисија фирмирана од министерот за економија. Крајниот рок за поднесување на Барања по овој повик е до втори декември годинава. Барањата кои се некомплетни ќе бидат одбиени.

Барањата кои ќе пристигнат по завршување на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.