Владата утре ќе се задолжува за нови 61,7 милиони евра. Имено, на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 3.800.000.000 денари или 61. 7 милиони евра.

Според експертите Македонија енормно се задолжува додека капитални проекти кои се од стратешко значење воопшто не се градат. За тоа зборуваат и катастрофалните податоци на Министерството за финансии за реализацијата на капиталните инвестиции кои заклучно со месец јули изнесуваат мизерни 24,5 %.

Владата ветуваше дека ќе ги намали задолжувањата но напротив континуирано ги зголемува велат економистите . На ова алармира и експертската јавност која предупредува и на јавниот долг кој ја надмина психолошката граница и достигна над 50 % од БДП.

Истовремено и опозицијата критикува дека задолжувањата ја преминаа секоја нормална мера и дека вкупно задолжувањата достигнаа огромни 600 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.