Јавен превоз во Тетово се уште нема иако речиси пред пет месеци беа набавени автобусите и истите се паркирани во дворот на Пожарната, а во ноември минатата година беа поставени и постојките низ градот. Граѓаните во исчекување, но како да немаат верба во општинските власти. Велат секогаш се чека избори за да се реализира дадено ветување.

Сообраќајниот инженер, Зоран Ѓорѓевски, вели дека гратскиот превоз е само една од мерките коишто треба да овозможат намалување на бројот на возила на мрежа и на тој начин да се намали загадувањето на воздухот и сообраќајната бучава. Но, за ефикасен гратски превоз треба да мотивирате граѓаните да користат автобус, истакнува Ѓорѓевски.

Градоначалничката, Теута Арифи, во неколку наврати најавуваше дека ќе започне да функционира јавниот превоз во градот, но и во последната нејзина изјава не прецизираше кога.

Инаку, за набавка на автобусите беа потрошени 720.000 евра, од вкупно 1,2 милиони евра кредит добиен од Светска банка. Истиот Општината со пари на граѓаните ќе го плаќа 13 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.