Регулаторната комисија за енергетика и водни услугидонесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,31% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 23.03.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 денари за литар и ќе изнесува 48,50 ден/лит. Кај малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се бележи намалување за 1,50 денари за литар и ќе изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 23.03.2020 година и ќе изнесува 46,00 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 ден/кг и ќе изнесува 18,891 ден/кг.

Од 31.03.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 48,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 50,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 46,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 35,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 18,891 (денари/килограм)

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените е курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 14,70%, кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 0,93%, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 0,64% и кај мазутот се регистрира намалување во просек за околу 0,94%.

Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е зголемен за 1,54%. Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.03.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, информираат од РКЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.