Бензините поскапуваат за половина денар, додека за истиот износ се намалува цената на дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 69 денари за еден литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 71 денар за литар.

Еден литар дизел Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 61 денар за литар, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 50,50 денари за литар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.