Регулаторната комисија за енеретика ги објави цените на горивата кои ќе важат од полноќ.

Согласно новата одлука, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 61,00 ден/лит.

Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно трета недела остануваат на исто ниво.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,062 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 28.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,763 ден/кг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.