СОНК соопшти дека го става генералниот штрајк во мирување, по средбата, која се одржа зад затворени врати, а на која требаше да се донесе одлука за отпочнување на генералниот штрајк во понеделник.

За зголемување на платите , од 01.01.2020 година, им се потребни уште неколку денови на министерот и на МОН. За да конечно се обезбедат сретства кои што ќе ги задоволат нашите барања“, соопшти претседателот на СОНК, Неделков.

На средбата беше и министерот за образование Арбр Адемин, рече дека договориле да го стават штрајкот во мирување до добивањето конечна понуда за покачување на платите од МОН.

Сега дискутираме за покачување на платите од 01. јануари. И ова поместување во смисла на моментот од кога ќе се пресметува третото покачување на платите во дејноста образование, секако дека е неопходно да се обезбедат сретства. И на тоа работиме“, рече Адеми.

Адеми го покани членството на СОНК утре во МОН на, како што рече, последна рунда пријателски и конструктивни преговори. СОНК и Владата досега одржаа три состаноци на кои се преговараше за зголемување на платите во образованието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.