Владиниот кабинет ќе претрпи измени, на чело на Министерството за финансии ќе биде назначена министерка. Како што неофицијално дознава „Алсат“, во трката меѓу трите жени за функцијата министер, Нина Ангеловска, Татјана Штерјова и гувернерката Анита Бежовска Ангеловска, предводи Нина Ангеловска.

Од разрешувањето на Драган Тевдовски во јуни, со Министерството за финансии управува заменик-министерката Ширет Елези, а политиките во овој ресор ги води премиерот Зоран Заев. Заев првично предложи тој да биде и министер за финансии, но од Антикорупциската комисија излегоа со мислење дека тој нема право биде и премиер и министер.

Исто така, како што дознава „Алсат“, од фунцијата заменик министер за економија ќе се повлече Кире Наумов. Тој заминува на друга позиција во Македонската Банка за подршка на развој а на негово место, во ресорот што го предводи Крешник Бектеши доаѓа една од кандидатките кои се споменуваат за финансии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.