Некои правни субјекти си дозволија да покажат сила и моќ, а инспекторите да не можат да изречат казна во време на пандемија. Затоа и пристапивме кон законски измени. Денес имаме 60 отсто помалку прекршоци, нема објект каде што не може да влезе инспектор и да не се реагира. Испорачани се казни за многумина, но, нема ургенции по телефон, законот мора да важи за сите, одговори вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски во врска со поврзувањето на сите инспекторати во една платформа.

Тој дополни дека координираниот настап на службите ќе за засили битката против криминалот.

Ако сите институции се поврзат, ако има постапки и ако покажеме цврста волја за решавање на случаите, без разлика за кого станува збор… кога ќе ги врземе сите, кога ќе нема можност за сокривање на предметите и документите, тоа значи дека решаваме крупен проблем и така ќе ја вратиме довербата на граѓаните во институциите. Да имаме едно општество со ред дисиплина и одговорност, рече Николовски во вестите на Канал 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.