Поранешната новинарка Ленче Николовска за „Република.мк“ потврди дека си заминала од Владата каде работеше како посебен советник за земјоделство шумарство и водостопанство.

Таа вели дека си заминала на свое барање  и оти немала никакви притисоци.

Точно е  оти си заминав на мое барање, но во договор со премиерот. Ќе им се посветам на земјоделците и на нивните проблеми но во друга форма, изјави Николовска.

Таа на социјалните мрежи веќе објави дека нејзни следен проект ќе биде „Агротим“, посветен на земјоделците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.