Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за „Алфа“ потсетува дека во времето на СДСМ се влезени 2,5 странски инвеститори,сите договорени во време на ВМРО-ДПМНЕ, а немаат привлечено ни еден.Тој вели дека двајца  нвестирале, а третиот е во фаза на инвестиција

Николоски како пример до кое ниво ја паднал Заев Македонија е Косово со кое не можеме да се споредуваме

 Косово има три  пати помал буџет од Македонија, а во него се предвидени 700 милиони евра за капитални инвестиции, а во Македонија 400, ако се реализираат, зашто лани не успеаја да ги реализираат.Со трипати помал буџет едно косово има два пати поголеми капитални инвестиции-анализира Николоски.

Тој му порачува на Заев да не се споредува со Грција и Бугарија или пак како што  на времето се споредувавме со Словенија и Австрија, туку дека тој ја направил Македонија да биде полошо и од Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.