Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешната посета на општина Прилеп, говорејќи за состојбите во земјоделството, истакна дека јасно било уште минатата година дека ќе има катастрофален откуп на тутунот, односно како што рече тој, за жал тоа се случи со исклучителна ниска цена, а многу луѓе не успеаа воопшто ни да го предадат тутунот.

Во однос на состојбата во земјоделието, уште минатата година беше јасно дека ќе има катастрофален откуп на тутунот, за жал тоа се случи со исклучителна ниска цена, но многу луѓе не успеаjа воопшто ни да го предадат тутунот. Околу 800 тони останаа непродадени од целиот овој регион. Јас живо се сеќавам на една средба во текот на кампањата со Стопанската комора тука и присуствуваше директорот рекордер по плата на Тутунскиот комбинат од Прилеп, кој што не убедуваше сите дека состојбата е добра, но еве гледаме дека не е добра. Него платата му е иста 3000 евра, како што му беше и минатата година кога тука зборевме за време на кампања. Но, состојбата на земјоделците не е иста затоа што не успеаjа да го продадат родот, а они кои што успеаа да го продадат го продадоа по најниска цена што е видена последните години – вели Николоски.

Николоски, посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднела закон со кој се бара да се забрани увоз на тутун во Македонија, но парламентарното мнозинство го одбила, но како што рече тој од понеделник пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе го поднесе законот во собранието, се со цел да се забрани увоз на тутун, пред да се откупи и последното кило домашен тутун.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон во Собранието, кој што пак беше одбиен од парламентарното мнозинство, со кој што предлагаме да се забрани увоз на тутун во Македонија додека не се откупи домашниот. Затоа што проблемот со тутунот е дозволата да се увезува тутун од странство. Тој закон беше одбиен, после некое време видовме зошто, затоа што потпретседателот на Владата Љупчо Николовски очигледно е во тој бизнис, а во тој бизнис е и семејството Заеви преку Тутунскиот комбинат во Струмица и нив им одговара цената да е ниска со цел да печатат на маката на земјоделците – истакна тој.

Да најавам тука од Прилеп дека од понеделник пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе го поднесе законот со кој што превидуваме да се забрани увозот на тутун во Македонија, пред да се откупи и последното кило домашен тутун, потенцираше потпретседателот Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.