Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општина Гази Баба, истакна дека потфрлањето на СДСМ во економијата ќе го плаќаат граѓаните преку поскапување на бензинот и дизелот.

Николоски изјави дека таквите поскапувања се исто како да се воведе данок на крв, затоа што сериозно ќе удрат по џебот на граѓаните и ќе ги поскапат и основните намирници за живот.

Интересно е како ги бираат зборовите. Во конкретниов случај поскапувањето на бензинот и на дизелот, се решија да го крстат како еколошка такса. Јас повеќе би рекол дека е данок во крв отколку еколошка такса, затоа што се цица крвта од македонскиот народ и од граѓаните на Македонија. Затоа што поскапувањето на бензинот и на дизелот за 4 денари ќе удри по џебот на секое семејство и директно за сите кои имаат автомобили, но и индиректно затоа што ќе поскапи транспортот, а со тоа и производството на многу производи почнувајќи од лебот, продолжувајќи преку основните намирници – истакна Николоски.

Тој потенцира дека покрај поскапувањето на бензинот и дизелот власта во моментов работи на нова цена на електричната енергија која се очекува исто така да поскапи и тоа во двоцифрен процент во однос на ова што е досега.

Се тоа значи дека има едно целосно потфрлање на владата во економијата кое треба да го плаќаат граѓаните, преку овој како што го нарекувам данок во крв преку поскапување на бензинот, дизелот, но и на струјата. Но и на тоа ќе дојде крај на следните избори – нагласи Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.