Денеска гостин во „Радио Лидер“ беше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој истакна дека влегувајќи во политиката бил со една цел, а тоа е да остави нешто зад себе.

Додека Зоран Заев се занимава со дворски игри, јас размислувам како ВМРО-ДПМНЕ да понуди коцепт на ревизија на историските неправди, започна Николоски.

Тој кажа како ја гледа политиката и кој е неговиот сон на долгорочен план за Македонија.

Јас размислувам како ние да направиме како еден човек да седне во центар во Скопје во железничка станица во воз и за час и половина да биде во Солун, потенцираше Николоски.

Тој подетално го објасни неговиот сон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.