Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ е вечерва соговорник во „Клик Плус“ на ТВ21. Тој предвидува „црно сценарио“ на Македонија со оваа власт, и вели дека нема да има ниту пари, ниту струја, ниту работни места, и затоа уште еднаш го повтори ставот дека се потребни брзи избори.

„Никој денес од владата, не дава одговори на клучните прашања а тоа е дали Македонија ќе има електрична енергија и по која цена по 1 јануари, и дали Скопје ќе има парно греење и по која цена по 1 јануари. Околните земји се растрчани, а во Македонија гледаме игри без граници и латиноамерикански филмови, ама не гледаме две клучни прашања, а тоа е како ќе се презими зимата. А тие се битни не само за тоа, туку дали ќе има работни места. Ако на фабриките им се зголеми цената на струјата за три пати, ќе мора затворат. Странски инвестиции секако не доаѓаат со оваа влада, и постојните ќе заминат ако имаат трипати поскап гас или електрична енергија. На овие прашања владата не дава одговори“, рече Николоски.

Каков и да биде исходот од утрешната средба на Заев и Гаши, дали ќе с формира или не нов владин кабинет, Николоски смета дека кој било што сега се обидува да манипулира со волјата на граѓаните, треба да даде одговор на две прашања.

Денеска на светските берзи на еден метар кубен гас достигна 1100 долари, а Македонија ја набавува по 280-290 долари. Еден да одговори како ќе се компензира оваа разлика од околу 800 долари, што помножена по многу милиони кубни метри, се стотици милиони метри. Второ во моментов ЕСМ продава електрична енергија на ЕВН која стига до нашите домови 35 до 37 евра по киловат час. РЕК Битола не произведува доволно, и лажги се дека Мицубиши ќе инвестира. И сега нема јаглен, и ќе мора да се увезува струја. Цената е 230 – 250 евра киловат час. Граѓаните во моментов ја плаќаат 35-37 евра за киловат час, на берза чини 230 до 250. Па прашањето е како ќе се покрие дупката која е осум пати поголема. Ако граѓаните плаќаат 1000 денари, во иднина ќе треба да плаќа 8000 денари“, вели Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.