Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за Канал 5 објасни дека покрај големиот број на проекти и инвестиции, во фокусот на кампањата ќе бидат економијата и владеењето на правото, посочувајќи дека ќе се воведе функционален систем на владеење на правото во кој што ќе има одговорност за сите без разлика од која политичка партија се.

-Ветуваме дека оваа заспана Македонија во овие три години економски ќе заживее и ќе нема место во државата во кое што нема да се инвестира во инфраструктура. Ги споменавме проектите изминатиот период а исто така ветуваме дека ќе воведеме функционален систем на владеење на правото во кој што ќе одговараат сите без разлика од која политичка партија се, истакна Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.