Потпретседателот и носител на изборна единица 4 Александар Николоски денеска е во посета на Валандово и валандовскиот регион. Николоски оствари неформална средба и со поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов од кој, како што вели, добил поддршка за предвремените парламентарни избори.

Денес сум горд што добив поддршка од претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања, рече Николовски.

Тој додаде дека во неговото родно Валандово со иванов разговарале за иднината на Македонија.

Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија, напиша Николоски на својата официјална фејсбук страница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.